Не е фер, во најмала рака, да терате спрдачина со „Фокус“

Подолго време апстинирам од ФБ комуникацијата … едноставно, се соочив со фактот- колку сме биле различни ние, борците против груевизмот, во мотивите за таа битка ама и во филозофијата на нашето дејствување. Мотивот за ова моја реакција се нападите врз „Фокус“, исмејувањата за „жолт печат“, се заради текст на Viki Klincarova „Колегите го изненадија Николовски, да играме оро на министерска свадба“! А тоа објавено во рубриката „Life magazine“!? И се исмејуваат оние кои во новинарската „делатност“ не се соочиле со пазарните законитости!?
Значи, вака стојат работите. „Фокус“ не е жив затоа што властите го поддржуваат финансиски, ниту затоа што странските грантови му даваат живот. Живее и преживеа затоа што се бореше и се бори за пазарна логика. Живееме од продажба, огласувачи, посетители на сајтот. Драги критичари, сте се соочиле со овие предизвици?! Или, јал не јал, три ипол!?
Се извинувам, да не беше Фондацијата Сорос, после контроверзната смрт на Никола Младенов, овој „Фокус“, што ве возбудува до балчак за министерот Николовски, не ќе постоеше. И тој ин-пут беше доволен … продолживме и преживеавме …пазарно, колку што може во режим!
Оние што ги изгубија владините реклами – рокнаа. Колку медиуми би ја доживеале истата судбина доколку им секнат странските грантови!? Затоа не е фер, во најмала рака, да терате спрдачина со „Фокус“ кој се бори за европски, а со тоа и пазарни, вредности.
Патем, на порталот „Фокус“ се објавени сериозни истражувачки стории, луцидни коментари, интересни анализи, ама ВАС повеќе ве надразни Viki Klincarova! Тоа повеќе говори за ВАС. Сме погодиле што го пали просечниот македонски читател! Пазарно, де! Ама и ВИЕ сте дел од просечниот Македонец.

Јадранка Костова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e