Мицкоски работи на тоа општеството националистички да го групира и политички да го артикулира единствено низ својата партија, што би значело дека го креира концептот „Едни надвор од други“, наместо да биде концептот „Едни со други“. И во таков концепт, така разбрана нација, не е ништо друго освен место за поделби и насилство.
Да потсетиме, Христијан Мицкоски имаше кампања на локалните избори, под слоганот „Македонија за сите луѓе“. А денес има типично националистички слоган, кој не само што му работи одзади грб на македонскиот идентитет, туку дополнително, ја подрива државата и го плаши граѓанството од некаква имагинарна „бугаризација“ и, за да биде апсурдот уште поголем, не знае Мицкоски кога е кодифициран македонскиот јазик. Најголемиот бранител на идентитет и јазикот, не знае кога македонскиот јазик (како сродност со националниот идентитет) е кодифициран.
Натаму, сигурен сум дека нема појма кога реликвиите на Гоце Делчев од Софија се пренесени во Скопје; сигурен сум дека нема појма кога е формиран Македонскиот народен театар; сигурен сум исто така дека нема појма кога се оформени универзитетите во Скопје и Битола, а сигурен сум дека нема појма кога е оформена Македонската академија на наука и уметност, а уште повеќе сум сигурен дека нема појма кога Македонскиот народ доби конституционо право на самоопределување за, дури потоа, во септември 1991 година, Македонија да стане независна држава.
Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниот ЛИНК.