Нам не ни треба некој со дронови да нѐ бомбардира. Ние самите си се удираме по глава

Македонски мазохизам!
1. СДСМ предлага намалување на ДДВ за горивата, од 18% на 5%.
2. Кристално јасно е дека ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН ќе го одбијат предлогот.
3. Симпатизерите на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН, заедно со „неутралците”, ќе бидат среќни со тоа што предлогот не е прифатен, иако заради тоа одбивање ќе плаќаат поскап бензин.
Нив им е поважно да не биде прифатен предлог од СДСМ, од што им е важно колку пари ќе им треба за да наполнат резервоар.
Исто беше и за многу други работи. Тие беа среќни и со тоа што минималната плата не се зголеми. И со тоа што Владата не ги замрзна цените на прехранбените производи во маркетите. И со тоа што ВМРО на 87% од пензионерите им ги намали пензиите. И што им ги намали субвенциите за земјоделците.
И да не набројувам натаму.
Ова е страшно. Ова го нема на друго место на нашава планета.
Многу глуп народ сме!
Нам не ни треба некој со дронови да нѐ бомбардира. Ние самите си се удираме по глава.
Вакво проклетие и ваков мазохизам ја прави Македонија ПЕКОЛ.
ФБ став на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e