Најчевска за Силјановска: Повеќе кокетирала со власта отколку што ја критикувала, а постојат индиции и дека кодошела!

-Силјановска не може да биде дел од реформи насочени кон владеење на правото.
Прво, таа очигледно има проблем со препознавање на она што е право и она што е неправо. Тоа го покажа и одново и одново го покажува во секој свој јавен настап, а пред се со тоа што не се спротистави на огромното неправо направено од страна на претходната власт.
Второ, Силјановска во ниту еден момент не покажала способност да се спротистави на некоја власт а во функција на заштита на правото. Дури и тогаш кога навидум била на правата страна таа повеќе кокетирала со власта отколку што ја критикувала, а постојат индиции и дека го подривала процесот и кодошела.
Трето, Силјановска е една од оние салонски госпожи кои создаваат привид дека нешто многу анализираат и критикуваат, а всушност само чепкаат по површината нежно галејки ја секоја власт.Таа е многу посакуван салонски експерт заради што и секогаш била номинирана или предложувана од секоја власт како претставник во меѓународните структури.
Четврто, Силјановска покажа дека е спремна да го извртува правото секогаш кога и е тоа од корист и да се откаже од правото во име на личноот интерес и ветената функција.

ФБ статус на Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e