Најчевска за Ганка Цветанова: Јас повеќе се плашам од вакви ликови отколку од отворената глупост на Груевски

Фб реакција на професорката Мирјана Најчевска на веста „Ганка Цветанова: И Димитров на распит по признанието дека се тргувало со пратеници“:

Се плашам од ликови кои до последен здив го поддржуваат Груевски.
Мислам дека поддржувачите на лидер на партија која манифестира голем број од карактеристиките на фашистичка партија, посебно кога се вака активни и отворено го поддржуваат истиот тој лидер, треба да одговараат за направените злосторства на лидерот (во најмала мера како негови соучесници).
Токму опстојувањето и џавгањето на ваквите ликови ја релативизира диктатурата во која живеевме, ги мачка очите на граѓаните и го дефокусира вмиманието од смрдеата на ќенефот во кој не заклучи ВМРО-ДПМНЕ. Искрено јас повеќе се плашам од вакви ликови отколку од отворената глупост на Груевски.
Се плашам заради нивната способност да се заткскријат, да блендираат во средината во која се наоѓаат, да работат цело време на каузата на една ретроградна партија и на крај да се извлечат под плаштот на спорадични учесници во злосторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e