Најчевска за борбата против лажните вести: Ограничувања мора да има

Може нешто да расчистиме?

1. Лажната вест не е вест туку дезинформација која може да има многу конкретни последици за здравјето на луѓето, за учеството на граѓаните во процесите на одлучување, за остварувањето на правата на луѓето, за заштитата на маргинализираните групи, за спречувањето на дискриминацијата, за планирањето на развојот, за …

2. Говорот на омраза не е слобода на изразување туку насилство кое може да биде непосредно или со задршка, психичко или физичко, насилство над поединец или над повеќе луѓе, видливо или невидливо, …

Членот 10 од Европската конвенција за човековите права во кој е содржана слободата на изразување вели: Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски
и одговорности, може да биде под одредени формалности,
услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.

Значи, не разговараме за тоа дали треба или не треба да има ограничувања. Ограничувања мора да има.
Разговараме за тоа дали овие ограничувања се:
– мерки соодветни за едно демократско општество
– дали се насочени кон заштита на правата на другите
– дали се неопходни

Уште еднаш, човековите права и слободи имаат јасна граница – правата и слободите на другиот. Не се ниту апсолутни ниту неконтролирани. И во секој случај соодветсвуваат на актуелниот степен од развојот на човештвото.

Став на Мирјана Начевска објавен на нејзиниот ФБ профил

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e