-610.000 луѓе излегоа на референдум и јасно и гласно кажаа дека се за промена на името и прифатија државата да се нарекува Република Северна Македонија.
Против гласаа 38000.
Може да си правите какви што сакате калкулации и математички фантазии. Факт е дека: 610000 гласаа за Република Северна Македонија, а 38000 гласаа против.
Значи, негирањето на името на државата, значи негирање на јасно изразената воља на 610000 граѓани наспроти на 38000.
Неспомнувањето на името Република Северна Македонија на официјална средба од страна на поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски значи дека е популистичка мивка која се обидува да ќари поенчиња.
Тврдењето дека вољата на народот е прекршена е неточна. Ако некој сакал да каже што мисли за промената на името ќе излезел и ќе кажел, а нема да се дере по митинзи и да се буса во гради.
Оваа, Република Северна Македонија за која гласаа 610000 граѓани ќе ги започне преговорите со ЕУ за членство во ЕУ.
Оваа Република Северна Македонија е препознаена од НАТО како членка.
Оваа Северна Република Македонија е држава на етничките Македонци и етничките Албанци и етничките Турци и етничките Срби и етничките Бошњаци и Роми и Бугари и Хрвати и Власи и …, сите како рамноптавни граѓани на една држава.
И уште еднаш ќе повторам: немој да го потценувате мислењето на 610000 граѓани на оваа држава.
Фб статус на Мирјана Најчевска