Најчевска: Инфомакс не е медиум туку разгласна станица на ВМРО-ДПМНЕ

Прво, Инфомакс не е медиум туку разгласна станица на ВМРО-ДПМНЕ
Второ, Инфомакс во повеќе наврати и од страна на повеќе субјекти и организации е идентификуван како создавач и пренесувач на лажни вести, дистрибутер на говор на омраза и поттикнувач на омраза и насилство.
Трето, доколку веќе има пресуди против нив токму за ширење на лажни вести мислам дека секое наредно дело треба да се смета како дел од продолжено кривично дело и соодветно да се димензионира и казната.

Во моментов мислам дека против нив не е доволно и не треба да се водат индивидуални постапки туку да се поднесуваат кривични пријави со цел соодветно санкционирање.

И не мислам дека новинарската фела треба да застане во одбрана на злоупотребата на слободата на говорот туку да ја осуди токму со цел заштита на истата таа слобода.

Фб статус на Мирјана Најчевска која уште пред две години порача:  Инфомакс, Република, Курир, … не се медиуми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e