Според мене, претставувањето на претседателскиот кандидат би требало пред се да биде претставување на вредностите кои ги застапува, способностите и вештините потребни за вршење на претседателската функција и карактерните особини кои го прават достоен за оваа функција.
Тоа значи: што правел до сега, со што се бавел до сега, како активностите со кои се бавел до сега го прават валиден да биде иден претседател.
Гоца до сега ниту правела ниту делела храна за сиромашни.
Гоца ниту била борбена ниту пак се спротиставувала на властодржци.
Гоца до сега ниту била религиозна ниту пак нешто посебно се интересирала за религија.
Гоца до сега ниту ја познавала сопствената држава ниту пак нешто посебно се заинтересирала за животот на граѓаните.
Гоца која ја гледаме за време на кампањата нема благе везе со Гоца која претходно сме ја познавале.
Значи се што прави е само затоа што и рекле дека тоа добро изгледа и дека на тој начин ќе привлече внимание и гласови.
Знам дека граѓаните лесно наседнуваат на измамници, ама мое е да си кажам. Па кој разбрал, разбрал, кој не, …
Фб статус на Мирјана Најчевска