Најчевска: Целата наша историја е испреплетена и заедничка, а ние цртаме граници

Јас изјавата би ја надополнила со тоа дека секое државиче на овие балкански простори крадело од историјата на соседите и се обидувало да се прикаже како значаен фактор во светската историја.
Или, целата наша историја е толку испреплетена и измешана и заедничка, а ние упорно се обидуваме да исцртаме граници таму каде што има мостови.
И толку сме слични што мора постојано да измислуваме нешто за да се прикажеме како различни.

ФБ реакција на Мирјана Најчевска по повод изјавата на премиерот Заев во интервјуто за грчка ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e