На Северна Македонија ѝ треба претседател што ќе се бори против ветерниците

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Харалд Шенкер за Призма:

-Поминаа речиси две години откако националистичка толпа упадна во парламентот во Скопје, најподлиот и најдеструктивен чин на политички кукавичлак што земјава го видела во речиси две децении откако за малку избегна граѓанска војна во 2001.

Тој чин од април 2017 година ја промени земјата и стави неповратен крај на ерата на Никола Груевски и на неговите ортаци. Но, дали е така? Многумина од нив се амнестирани и уживаат во сопствеништвото на голем број разновидни компании и недвижности.

Од моментот кога граѓанските протести беа преземени од сега владејачките социјалдемократи во март 2015, се чинеше дека историја секојдневно се создава. Со голема поддршка и поттик од ЕУ и од некои нејзини членки, но и од САД, земјата закрепна од состојбата на целосно заробена држава и продолжи да се тетерави на патот на реформите кон крајната цел – членство во ЕУ и во НАТО.

Во меѓувреме, главниот проблем што го блокираше напредокот беше решен, Северна Македонија е веќе реалност. Но, дали е така?

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e