Ви пренесуваме дел од колумната на Томислав Кежаровски за Актуелно:
-Луѓето, многу често, лесно ги сфаќаат поимите право и неправда иако немаат јасна слика за нивното вистинско значење ниту се во согласност со нивните дефиниции.
Правдата претставува вредносно начело за распределба кое одредува колку добра и колку товар, односно права и обврски, треба да им се дадат на субјектите во општествените односи. Правдата е, исто така, и концепт на правично и морално постапување кон сите лица.
Иако, ниту во законите не постојат договорени дефиниции за правда и неправда, тие два поими редовно се употребуваат во текот на разни расправи и говори. Освен тоа, овие поими често имаат конотација која доведува до емоционални одговори и реакции…
На Велики Петок, на Фејсбук профилот на кандидатот за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова, осамна текст: „Јас во моментов се чувствувам како да го носам најтешкиот крст. По патот сум плукана и навредувана од сите на кои не им одговара во демократска Македонија да има владеење на правото“.
Професорке, вие го напишавте ова? Вие говорите за владеење на правото?
Минавме еден тежок период, период од кој уште многу време ќе треба да закрепнуваме, а вие молчевте и сеуште молчите за тоа, не кажувате ниту еден единствен збор, за „тоа време“.
А, не можеш да молчиш, велиш во рекламите, оти демек таков ти бил генот и карактерот….
Кога апсеа за се и сешто, па и за ништо, вие молчевте. Кога неправедно ни земаа пари, или неправедно им доделуваа пари на воени злосторници, вие молчевте. Кога ни ја забрануваа слободата на говорот вие, исто така, молчевте. Молчевте и кога не понижуваа и дискриминираа.
Не го кренавте вашиот глас и не се спротивставивте на неправдата. Не се спротивставивте на сите пориви кои го оптеретуваа нашето општество. Не се спротивставивте на оние кои на разни начини сакаа да ја поткопаат нашата држава. Неправдата секојдневно ви поминуваше пред очи, а вие не се спротивставивте на неа, на лажењата и подметнувањата.
Вие сте интелектуалец, универзитетски професор, човек кој би требало да има барем малку чувствителност за случувањата во општеството и положбата на малиот човек.
Но вашето срце очигледно е премало, а егото преголемо за да се занимавате со обичниот човек…
Важеа ли тогаш за вас уставот и законите, и правото и правдата?…
Колумната во целост прчитајте ја ТУКА.