Мишолиќ: Бугарија не може да не’ блокира во евро-атланските интеграции

-Непотребно се дига толкава врева, па дури и паника, поради заканите од Бугарија. Таа држава не може да не’ блокира во евро-атланските интеграции. Зошто? Затоа што таму не е сама. Ќе мора да им објасни на партнерите, како тоа ја толкува националната припадност на Гоце Делчев, без анализа на контекстот во кој живеел, и уште повеќе – како тоа и зошто не може нашиот јазик да се вика македонски? Тој веќе е признат во ЕУ како македонски. – пишува новинарот Миодраг Мисолиќ на својот Фб профил.

-Членството во некои организации ти дава одредени привилегии и моќ, но носи и барем иста толкава одговорност. Со Грција беше прилично поинаку. Со глупавата антиквизација им дававме на Грците аргументи да го докажуваат нашиот „иредентизам“. Европа е изгорена од политики од типот: „таму живее(л) мој народ, и тоа треба да де моја територија“ или „овие ми украле земја“, па е алергична на нив. Со Бугариве нема такво нешто, и туку баш напротив – иредентизмот во овој случај е нивен, и затоа заканите им се само типично балканско јуначење со празни зборови. Ништо нема да направат. – појаснува Мисолиќ.

Она што нам ќе ни биде проблем во преговорите со ЕУ, и тоа голем, се разните Фрики, Коки, Кики, Рашко, Кочо…, а да не зброрувам за жМицко, Антонијо, Орцо, Братучедот или не дај Боже – Грујо. Тие се нашиот тег околу вратот. – потенцира тој. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e