Ај шо сте неспособни, тоа е веќе апсолвирано прашање, оти од третиот ешалон од тимот на Грујо ништо повеќе и не можи да се очекува.
Дури и тоа шо сте арамишта какви Македонија досега не видела, можи некако да се разбери. Оти чоек за нешто мора да го бидува – вас само и единствено за арамилак.
Дури и тоа шо се здруживте со партија збирштина на предавници кои смениле 10 дресови заради личен интерес, и тоа шо и самите сте бесрамни предавници и шо продадовте се’ шо за пуста пара проклета можевте да продадете – и национални интереси, и сегашноста и иднината на стотици и стотици илјади граѓани на Македонија, дури ни тоа не е некое изненадување… оти ви е во партискиот код.
И тоа шо од влезот на Македонија во ЕУ се плашите како ѓаол од темјан, и тоа некако можам да го разберам.
Ама тоа што од секоја човечка трагедија и елементарна непогода сакате политички да профитирате, ја потврдува вашата бескрупулозност, покажува дека сте дно од луѓе, отпадоци од човечкиот род, нелуѓе оперирани од било какво чувство за жал, сочувство, емпатија…
Тоа за секој нормален и здраворазумен човек е несфатливо и неприфатливо, а само за вас – разбирливо!
ФБ став на Зоран Милошески