Што е она кое треба најмногу да не’ плаши?
Тоа што тинејџери во доцните ноќни часови го реметат сонот на граѓаните, слушајќи српски турбо фолк пуштен на најсилно?
Или што, иако малолетни, во секое време можат да купат алкохол и да се се опиваат до бесвест?
Или, пак, тоа што нивните родители не се грижат каде им се наоѓаат и што прават родените деца во ситните сати, среде работна недела?
Дали можеби фактот што ваквите збиранки, во кои заштитните маски се мислена именка, претставуваат потенцијални жаришта на коронавирусот, е она што најмногу треба да не’ загрижува?
Или што сите ние, како дел од една поширока заедница, остануваме индиферентни на една аномалија која ја изроди општеството, за која сите имаме помала или поголема вина, а која се вика „отсуство на домашно воспитување“?
До возрасните е, не е до децата!
ФБ статус на Зоран Милошески