Милошески: Сиот терор кој ДПМНЕ го вршеше кон членовите на ЛГБТ, сегашните „душегрижници“ го одмолчаа!

Со години наназад, највисоките функционери на ДПМНЕ ги стигматизираа и со најпогрдни зборови ги квалификуваа членовите на ЛГБТ заедницата, а за хомосексуалноста тврдеа дека е болест.
Заедно со нивните “јуришници“, ја демолираа канцеларијата на Центарот за поддршка на ЛГБТ и бараа гасни комори за „педерите и лезбејките“.
„Парадата на гордоста“ во Скопје беше обезбедувана со стотици полицајци, бидејќи „чуварите на семејните вредности“ испраќаа отворени закани по животот на учесниците и поддржувачите на маршот.
Наспроти груевци, Заев отворено, недвосмислено и без никакви предрасуди застана на страната на ЛГБТ заедницата и лицата со различна сексуална ориентација.
И сето ова, сиот терор кој ДПМНЕ во континуитет го вршеше кон членовите на ЛГБТ, сегашните „душегрижници“ кои од вчерашната изјава на Заев останаа „запрепастени, навредени и повредени“, срамно го одмолчаа!
Ќе разберам да немате карактер, доследност, принципи, храброст, да бидете лицемерни, користољубиви, да ги менувате ставовите како дува ветрот… сѐ ќе разберам. Ама, немојте да бидете „педери“ во душата!

ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e