Земаaт 2.000 евра плата, уште којзнае колку алашвереш од лево-десно, накалапиле пари од претходните арамилаци оти остареа на државна цицка и сега, без око да им трепни, не’ прават малоумни убедувајќи не’ оти цените во продавниците стагнирале, а некои дури и се намалувале! Ајде де!?
А бре бесрамници низаедни, арамишта белосветски! Наместо да скапувате во прдекана, ќе продавате демагогија. Не знам колкав IQ имаат оние кои и после 30 години се лепат на вашите минхаузеновски лаги и кои вашите клептомански навики ги толкуваат како чин на патриотизам, ама во овој трулеж од држава сеуште има луѓе кои имаат мозок и кои размислуваат со своја глава.
Сите тие, сите ние, згрозени од вашиот безобразлук и нечоештилак, со индигнација ги отфрламе вашите малоумни и бесрамни обиди црното да го прикажите како бело, потценувајќи ја интелигенцијата на десетици и десетици илјади граѓани!
Седете си во вашите кабинети, товете се со манго, папаја, бадеми и ф’стаци и собирајте волна додека во вашето стадо има овци за стрижење!
Не сме сите исти, никогаш и не сме биле!
ФБ став на Зоран Милошески