Нема минимална плата од 500 евра – работниците многу барале, тоа што го земале доста им било.
Нема повисоки плати ниту за наставниците и здравствените работници. Излажани се и пензионерите и земјоделците.
Ама затоа остануваат оние 78% за функционерите, остануваат и патните трошоци за напатените пратеници. Има пари за нови мобилни телефони и за кркање манго и папаја на владините службеници, а предизборно има и стотици милиони евра за поткуп на гласачите.
Кај се сега нешто да зуцнат од Здружението на предавници и бегалци, кои како „загрижени борци“ за социјална правда, за повисок стандард, за достоинствен живот на граѓаните, до вчера со дрвја и камења фрлаа по владите на Заев и Таче? Истите оние кои до вчера се “ужаснуваа“ од Северна, а сега со занес ја пеат Заветна?
Постои ли долен праг на толеранција до кој можат да ги поднесат понижувањата од ДПМНЕ и ВЛЕН, или за трошки од владиниот колач и за понекое советничко место, немаат проблем со валкање на образот и виткање на кичмата?
Муабетот ми беше, Мицко не дава пари за обичните смртници!
ФБ став на Зоран Милошeски