Мицкоски и највисокото партиско раководство на ДПМНЕ јавно признаа дека Преспанскиот договор е завршена работа и дека новоизбраните градоначалници од нивната партија го прифаќаат уставното име на нашата држава, Република Северна Македонија.
После ваквиот став, Мицкоски треба јавно да им се извини на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на сите останати граѓани за свесната манипулација со името на државата, после што веднаш ќе закаже вонреден партиски Конгрес на кој, после признанието на големата лага, ќе провери дали сеуште ја ужива довербата на членството. Дури потоа, ако во меѓувреме Села не му ја откаже љубовта, ќе може да бара предвремени парламентарни избори.
Лажеше и Грујо, ама Мицко…
ФБ статус на Зоран Милошески