Милиони луѓе до вчера правеле планови за да прослават нова работа, роденден, свадба, да се сретнат со љубовта, да одат некаде на одмор, да развијат бизнис идеја, учеле за да го вложат потенцијалот во својата иднина.
Наместо целиот креативен потенцијал и ресурси на тие милиони луѓе да процвета во крација, создавање, продуктивност, денеска го пакуваат животот во еден куфер за да остават живи. Го трошат на справување со страв и стрес. Затоа што некој решил со агресија да им го одземе мирот и слободата.
Како е можно во 21 век кога дигиталната револуција и технолошката револуција ги урива границите и полека планетата земја ни станува „држава“, наместо да гледаме на светот како поле каде нашите ресурси и потенцијали би се максимизирале, за да го дадеме најдоброто од себе за подобрување на светот, ние се доведовме како човештво во ситуација на деструкција на сето тоа, на примитивна борба за територии и трошење на човечките ресурси за справување со страв, стрес, преживување. Цивилизациска регресија. Ужасно тажно и поразително. #IstandwithUkraine #prayfortheworld
ФБ статус на Ида Протуѓер