Не издржа срце „јуначко“. Отиде Мицкоски кај Виктор Орбан во Будимпешта, отиде, велам, за да скубне малку авторитарен дух, малку авторитарна волја и малку авторитарна моќ од оние за кои ги смета на себе слични. Или што би рекле Старите Латини: истото на исто се радува.
Го видовме романтичното селфи на Христијан & Мицкоски и неговиот „идеолошки татко“ Виктор & Орбан. Што ни кажува ова селфи на двајца аздисани десничари: самата слика е бизарна од една страна, од друга страна, тоа е победа на Орбан, а не на Мицкоски. Ама Мицкоски сака да ни каже дека има другари на високи места во Европа, само што не сфаќа дека Виктор Орбан е еден од најнеомилените авторитарни лидери во таа иста Европа за која, нели, Мицко ни „тепа“ дека сака тамо да сме оделе.
Во секој случај, прилично контроверзно селфи, ама според природата и нивните меѓусебни својства, всушност ова селфи е „нормално“. Орбановата Унгарија од почеток, практично додека партијата ВМРО-ДПМНЕ беше власт во оваа земја, беше некоја врста на идеолошки покровител на Македонија (баш како што денес Груевски дреме во Будимпешта и од својата „скромна заштеда“ има купено стан или куќа во градот покрај Дунав); исто како и Хрватска и Словенија преку своите ултрадесни испостави персонифицирани во Карамарко и Јанша.
Не треба да бидеме скромни во ова „романтично селфи“ меѓу Мицкоски и Орбан, и треба да си кажеме јасно: Македонија има тенденција да стане вазал на Орбановата Унгарија, која уште на синоќешниот митинг Орбан рече дека Зеленски е негов противник, што во дополнителен превод ни кажува дека Орбан ја поддржува инвазијата на Русија во Украина.
Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниот ЛИНК.