Мицкоски ги обвини роднините на убиените во кочанското дувло дека од граѓанско движење прераснувале во политичко!?

Нефункционалната држава и корумпираните институции се единствената причина за згаснатите 62 живота во кочанската шупа.
Ако премиерот си ја работел работата за која е избран и платен, ако функционирал системот, ако Владата и нејзините институции се издигнеле над бизнис интересите на поединци и групации… или кусо речено, ако имало држава… масовното убиство немаше да се случи.
И наместо да покаже професионална одговорност и да ги стави во погон сите механизми за да ги пронајде вистинските виновници за трагедијата, да покаже минимум емпатија и елементарно чувство на чоештилак, Мицкоски ги обвини роднините на убиените во кочанското дувло дека од граѓанско движење прераснувале во политичко!?
Дополнително, за да дојде до израз сета злоба на злосторничкото здружување, го натерале она дебилноно створење од Радио Лидер, родителите кои ги изгубија своите деца да ги нарече „улична руља која треба да биде средена по кратка постапка“!
Ниту функцијата, ниту социјалниот статус не го прават човекот човек. За ваквите нелуѓе и бесрамници Фројд рекол: „Првиот знак на човечката глупост е отсуството на срам“!

ФБ став на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e