Мицкоски е политикант, Апасиев е посебна приказна…

Кина цело време повторува дека спорот меѓу Русија и Украина треба да се решава по дипломатски пат, но сепак, во ниту еден момент не ја осуди инвазијата и политиката што ја спроведува Путин…
Мицкоски исто… Ја кажа во две прилики истата флоскула дека е за мирно решавање на спорот, но сè уште нема ниту еден лош збор кажано за потезите на Путин и за вооружениот напад врз Украина…
Мицкоски никогаш не бил политичар… Тој е политикант, а тоа е многу различно од политичар…
Апасиев си е посебна приказна… Тој не само што не ги осуди инвазијата и убивањето цивили, туку отиде еден голем чекор напред… Си тера мајтап со нападот врз Украина и бројните жртви… Тоа само по себе и не е толку страшно… Страшното е што и за таквото негово мајтапење добива срциња и илјадници лајкови од неговите поддржувачи…
Многу мизерно и многу тажно!
ФБ статус на Ацо Лукароски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e