Мераклии за предвремено славење

Делува непристојно, а и како навреда за јавната, макар и просечна интелигенција на граѓанството, да се прави голем настан со славеничко одбележување на 100-те дена вмровско градоначалникување во општините во Македонија. „За само 100 дена“ – триумфално објави македонската опозиција – нејзините градоначалници „реализирале“ 1.090 проекти, меѓу кои 166 капитални објекти (!), 33 градинки (!!), 68 училишта (!!!) и стотици водоводи, канализации, игралишта, паркови, сокаци, улици, патишта… Исчистени се повеќе депонии отколку што има вкупно ѓубре во државата произведено за цела година.

Како што може да се дознае од внатрепартиски извори, на крајот од прославата било предвидено за успесите да се наздрави со високоподигнати чаши со нафта, ама пусто снема струја во градот – оти предавниците од власта запалија две трафостаници за да им ја „помрачат“ прославата – па тој дел од триумфот е одложен за прославата на 200 дена локална власт.

Шега на страна, пропагандната активност на опозицијата е одамна станата напорна, еднолична и здодевна. Добро, познато е тоа дека се најспособни, најдобри, најчесни, најработливи, најпаметни, најпатриоти, најомилени кај народот и, воопшто, нај-нај-нај во секоја смисла, но за три месеци да се „решат“ (од темел?), на пример, 33 градинки и 68 училишта е малку премногу дури и за апетитите на една „прегладнета за власт“ македонска опозиција каква што ја предводи Мицкоски. И тоа во истата недела кога најблиските и најврвни, до вчера, партиски колеги на Мицкоаки самите, во суд, признаа вина за тоа на кој криминален начин ја воделе партијата (и државата) со години! Во тоа време ВМРО-ДПМНЕ објавуваше уште поспектакуларни – „проширени и надградени“ – „успеси“ од овие со кои сега се фалат за „само 100 дена“ власт во општините со кои раководат.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e