Меѓу демагогијата и националниот интерес

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

Една од класичните дефиниции (оваа е на Ханс Моргентау, еден од најзначајните американски политолози од времето на Рузвелт и Труман) за она што претставува поимот „национален интерес“, како еден од клучните концепти во меѓународната и во националните политики, е дека „значењето на националниот интерес е прашањето на опстанокот – заштитата на физичкиот, политичкиот и културниот идентитет наспроти загрозата од други национални држави“.

Како што гледате, при дефинирањето на македонскиот „национален интерес“ не се работи за годишен избор на Мис на Македонија, ниту за избор на најдобра пастрмајлија или за решение за тоа каде ќе одиме идното лето на одмор, на пример. Се работи за служење на одбрана долгорочна стратегија која мора да ги има во себе виталните параметри за (физичкиот, меѓу другото) опстанок на државата.

Добро, ќе се согласиме дека, од тука натаму, интерпретациите за тоа што е нечиј национален интерес можат да бидат рационални и здраворазумски, но и фантастични и митско-библиски како и пејзажите и ликовите во Алиса во земјата на чудата – впрочем, и Хитлер и Сталин, меѓу другите, ги имаа „националните интереси“ предвид кога спроведуваа хаварии со големи историски последици за своите (и други) нации. Но, јасно е дека дневниот морално-политички фолклор, суетите, приватните материјални интереси, мерењето на перцепциите во јавноста или љубовните афери не треба да бидат превладувачките „секундарни варијабили“ (баш така се нарекуваат во теоријата) во определувањето на тоа што се примарните интереси за да се опстане на подолг рок.

Бидејќи, ако заради ништо друго, кога ќе определите кој ви е „националниот интерес“, тогаш од него ви произлегуваат и другите компликувани општествени концепти (имено, подолгиот евро-атлантски список за неопходните реформи, во нашиот случај) како оние за правда, мир, просперитет, начин на стекнување и губење моќ и тн.

Е, па, членството во НАТО и ЕУ е високо позициониран триесетгодишен приоритет, како кратка дефиниција на виталниот „национален интерес“ на Македонија, во сите важечки документи, кај сите релевантни политички (владини, партиски и невладини) фактори во земјава. (За Грчева, Апасиев и Бачев, очигледно, во друга прилика.)

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e