-Па, видете ја само снимката од разговорот меѓу дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, и градоначалникот на Општина Конче, Благоја Илиев. Темата „култура на однесување“ се отвора откако Илиев му вели на Трипуновски „Јас не те тужам БЕ, јас те гледам во очи“.
„Како БЕ, со речник БЕ, така ли ве учат во Ес-де-ес?“, прашува Трипуновски.
Прашањето би било логично, доколку и самиот дополнителен заменик-министер не ословува со БЕ во прашањето, но и во целиот дотогашен разговор.
Пред да побара соодветен речник од соговорникот, еве како изгледаа дел од репликите на Трипуновски до Иванов: „Не се нервирај БЕ сега“, „Како БЕ трипол месеци задоцниле?“ „АБЕ градоначалник, земи напрај ги улициве овдека“, „Млад човек си БЕ, не се нервирај, … те гледам БЕ“, АБЕ зашто викаш, кажи ми? Чекај БЕ, АБЕ гласот ќе ти се фати“…
Целата колумна на Катерина Блажевска за „Призма“ прочитајте ја на следниов ЛИНК.