Мало појаснување за дневниот билет за ЈСП

Мало појаснување за дневниот билет за ЈСП.
Се чини дека Данела А. откако вети еден куп неостварливи глупости со кои победи на локалните избори, сега се соочува со реалноста на управување со Градот кој не го познава, а се чини дека нема ни визија за него, ниту план како би го направила подобар.

Веројатно, во таа празнина која ја обзема, излезот го бара во спроведување на проектите кои ги започна претходната администрација (можам да ја замислам агонијата на моментот кога морале да си признаат дека се разумни и добри тие проекти). Така, на пример, мостот Михаило Апостолски престана да е мост за рибарите и повторно стана стратешка комуникација во Скопје.

БРТ, беше откажан, па сега шефот на Данела А. го враќа во живот, со мали измени секако.
Сега за дневниот билет на ЈСП. Да и објасниме на Данела А, Зошто донесе одлука за дневен билет, истата која ја донесе минатиот состав на Советот и градската администрација: Во Скопје освен жителите на градот, добро е градскиот превоз да го користат и туристите, патниците намерници и оние кои се по работа во Скопје само на еден ден.
За туристите е одлично да имаат билет од две евра кој ќе им овозможи цел ден да го користат јавниот превоз и да видат што поголем дел од градот. Да стигнат до Матка, до Горно Нерези, до Свети Никита и Марков Манастир.
Еве ќе си дозволам да и посочам на градоначлничката и еден проект кој за жал не заживеа, но сосема ќе е комплементарен со дневниот билет: Во Скопје дневно влегуваат десетици илјади моторни возила кои придонесуваат за закрчување на сообраќајот и се мачат со недоволно и скапи паркинг места. Предложениот проект (кој беше нападнат од вмро, со сите спинови и паники) замислува изградба на уредени, безбедни, големи паркинзи, на исптчниот и западниот влез во градот – Ѓорче Петров и Гази Баба. Паркинзите требаше да се поврзани со системот на јавен превоз и сите оние кои доаѓаат во Скопје, а не сакаат да се малтретраат со гужвите и паркинзите, да можат да го остват таму возилото, да си земат дневен билет, цел ден да си бркаат работа низ Скопје и на крај повторно со јавен превоз да дојдат до возилото кое го паркирале бесплатно преку цел ден.
Не е ништо срамно ако Данела А. со својата администрација го заживее овој проект. Добар е и ќе им олесни движење на многу луѓе. Ако и треба референца од странство за ваков проект, може да ја најде во Амстердам, каде веќе постои овој систем. Јас ветувам дека ќе ја поддржам ако го спроведе, без тролање и ситење.
ФБ статус на Васко Лазаревски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e