Макрадули: Градот Скопје е свесно парализиран од Центарот на немоќ и уцена, сместен во Белата палата

Центри на немоќ и уцена.
4 години од денот кога се судрија со рацете во медот. Градот Скопје е свесно парализиран од Центарот на немоќ и уцена, сместен во Белата палата.
Нема еколошки автобуси, но има загадување за сите. Нема мега парк, но има мега лаги.
Центарот на немоќ и уцена, како се ближат изборите, така кулминира со казнувањето на цело Скопје. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, свесно, намерно, не го чистат градот, создаваат сообраќаен хаос, а негрижата ја оправдуваат барајќи алиби од пред 30 години наназад, додека за нивната неспособност и површност, вината ја бараат во опозицијата.
Казната за сите граѓани, вклучително и за оние кои гласаа за Белата палата, ескалираше до тој степен, што беа финансирани 0 (НУЛА) проекти за решавање на реалните потреби на граѓаните.
И пак истите кандидати од Белата палата, ќе ветуваат исти проекти од пред 4 години, но во немоќта, ќе ветуваат и проекти кои досега чинат околу 13 милијарди евра.
Ќе чистеле сега?! Во нивните општини, наместо “прво човек”, “прво змија”; наместо решавање, палење на Вардариште; наместо зелени површини, нови депонии како споменик на нивната немоќ, мислиш дел од Скопје 2014 се.
И така, додека премиерот Мицкоски деновите ги поминува во различни градови, во градот од каде што е, и каде што живеат повеќето од членовите на владата, граѓаните се изложени на јавни уцени.
“Гласајте за Белата палата”, така ќе имате автобуси, ќе се чисти, ќе се сади.
Но навистина, дали тоа е доволна причина за глас? Какви луѓе работат во овие Центри на немоќ?
За жал, повторно, за една дневна надокнада, ботовите ќе пишуваат и ќе ги бранат уште 4 години. Некои, опкружени со зараза од ѓубрето, со дебелината на џебот ќе ја величаат Белата палата.
Граѓаните не заслужуваат центрите на немоќ да им го диктираат секојдневието. Тие заслужуваат заедничка платформа за политичка борба, солидарна, сплотена и искрена, каде се вреднува квалитетот, искуството и младешката енергија. Платформа каде ПР-от е искрен, а не копиран. Платформа каде човекот ќе биде пред сѐ, а не зградите и личните интереси.
Граѓаните не сакаат нови ветувања, туку нова реалност.
Реалност во која одлуките се носат за доброто на заедницата, за решенија и справување со предизвиците. Реалност во која храброста да се биде одговорен, искрен, посветен е поголема од стравот да се изгуби функцијата или тековната позиција.
ФБ став на Јани Макарадули

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e