Велеа дека 200.000 мигранти чекаат на македонските граници и дека е прашање на моментот кога ќе влезат во државата.
Почетокот на изградбата на ИКТ Центарот кај прилепската касарна го претставија како градење камп за мигранти.
Со вакви и слични грозоморни лажни вести ги плашеа граѓаните и добиваа избори.
И сега кога нивниот лидер ја задолжува државата со нови 6 милијарди евра и кога изградбата на мигрантски кампови станува реалност – неразбирлив молк од опозицијата!?
Не треба да се биде експерт за да се констатира дека кредитот и мигрантските кампови ја загрозуваат стабилноста и безбедноста на Македонија. Или се лажам?
Можеби сум јалнаш, ама картата која ја гледате го потврдува она што го пишувам – Македонија е една од четирите најкорумпирани земји во Европа, чиј индекс на корупција во тековната 2025 година надминал 80.
Креваме раце и ја пуштаме Македонија низ вода, или…?
ФБ став на Зоран Милошески