Лукароски: Ова што сега го прават коалиционите партнери на ВМРО претставува ДУИ х 100

ДУИ
Да, ДУИ во многу сфери се покажаа во лошо светло. Не мислам на играњето фудбал во кабинет. Тоа беше грешка, но не и катастрофа. Проблемот со ДУИ го гледам во злоупотребата на фактот што од нив зависеше која македонска партија ќе ја води државата. И се сметаа за недопирливи. И затоа некои министри (e.g. Grubi) си се ‘понашаа’ како шерифи.
Арно ама, ова што сега го прават коалиционите партнери на ВМРО претставува ДУИ х 100.
Замислете лидерот на ДУИ да дадеше изјава дека Македонија ќе ја прави трета албанска држава, а Заев да молчеше.
Да потсетам, таа изјава неколку пати ја има повторено Касами, коалициониот партнер на Мицкоски.
Замислете лидерите на ДУИ да располагаа со над 150 дивоградби во Чаир и диво да се приклучуваа на струја и вода, а Заев да изјавеше дека неговата филозофија е да гради, а не да руши.
Да потсетам, така пред две недели изјави Мицкоски кога го прашаа дали ќе ги руши дивоградбите.
Замислете вицепремиерот Груби да одговараше на прашања од новинари на албански јазик, а Заев да го пофалеше дека учел македонски и дека со вицепремиерот во меѓувреме комуницира на англиски јазик.
Да потсетам, таков беше одговорот на Мицкоски за вицепремиерот Фетаи.
Треба ли уште примери?
Ги има уште многу.
И имајќи ги предвид овие работи и тоа што рејтингот на ВМРО е најголем во Македонија, си го задржувам правото мнозинството од македонскиот народ да го сметам за глуп. Па нека се лути колку сака мојот пријател Slave Mladenovski. И многу други како него.
Неглупи луѓе нема да се фалат дека секогаш ќе гласаат за кандидатите од Касами и Меџити. А многу вмровци деновиве токму тоа го прават.
Не е проблемот што тие се Албанци, туку затоа што се такви какви што се.
Патем, да направам споредба меѓу двајцата министри за надворешни работи, Бујар Османи и Тимчо Муцунски.
Актуелниот министер Муцунски е симпатично момче. Делува малку премлад за таа функција, но не е тоа голем грев. Секогаш е облечен многу убаво. Не само скапо, туку и убаво. Англискиот јазик му е повеќе од одличен.
Меѓутоа, ужасен е фактот што ја следи погубната надворешна политика на Мицкоски и што со тоа ѝ нанесува огромна и долгорочна штета на Македонија.
Од тие причини, кога јас би бил во позиција да треба да одберам еден од нив двајца, би го одбрал Бујар Османи. Без никакви дилеми.
ФБ став на Ацо Лукароски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e