Намалување на стапка на невработеност, само по себе, не мора да значи ништо… За целосна и објективна слика битни се и многу други елементи… Битно е на пример и колку млади се отселиле од државата, затоа што и тоа ја намалува стапката на невработеност…
Меѓутоа… За само две и пол години да се отворат нови 60 илјади работни места, а притоа бројот на вработени во администрацијата да се намали, тоа е дефиитивно за почит… Тоа ги надмина и ветувањата што Зоран Заев и СДСМ ги даваа пред изборите во декември 2016 година…
Тоа ми дава право да верувам во најавите дека за 4 години во Македонија ќе се отворат уште 100 илјади нови работни места во реалниот сектор, дека стапката на невработеност ќе падне под 8%, дека просечната плата ќе отиде преку 600 евра и дека сите овие параметри ќе придонесат младите да останат во државата и тука да ја гледаат својата иднина!
ФБ статус на Ацо Лукароски