Зелената Љубљана и гомненото Скопје
За 112 милиони евра, Љубљана доби модерен регионален центар за управување со отпад, кој почна да се гради во 2012, а беше готов во 2016.
Во истиот период, Скопје дупло повеќе пари инвестираше во стотици споменици и склулптури, во партиски музеј на ВМРО со восочни фигури, во партиски плоштад ВМРО, во фасади од стиропор и лажен мермер, во фонтани „гомноскоци“ во Вардар, во една „бермудска“ фонтана на плоштад од 2.5 милиони евра која не работи, во Панорамска кула на Водно, во „Триумфална (Демир) Капија“ и во воскреснување на „Официрскиот дом“ како симбол на српската милитантна пропаганда во Јужна Бановина.
Е, па сега, кој во што инвестирал. Нашите деца ќе одат да студираат во „зелената“ Љубљана, а ние тука гордо ќе дишеме отрови во гомненото Скопје, ќе се давиме во отпад и ќе уживаме во спомениците и фонтаните од „Скопје 2014“.
ФB став на Жарко Трајаноски