Собрание на Република Северна Македонија… Додека едни се занимаваат со креирање политики за водење на државата и решавањето на проблемите, други ја злоупотребуваат говорницата за отровна пропаганда и градење на сопствениот имиџ. Збогатувањето му доаѓа како бонус. Или обратно… Многу нови ликови со кои ќе се „дружиме“ во наредните четири години.
Еве го Апасиев. Тој измамник и насилник на социјалните мрежи и во студентските слушални, црнокошулаш, го зграпчи најголемиот микрофон во земјата (собраниската говорница) и ја „освежи“ вмровската (и не само вмровската) националистичка реторика со неколку нови елементи. Неговата појава не е новост во македонскиот парламент, бидејќи неговата логореја, самобендисаност и невроза, па и физичка појава (само уште поситен) потсетуваат на еден друг ултранационалист од поранешните состави на парламентот – Тодор Петров.
Апасиев во својот „втор говор“ (цепки!) не пропушти да го спомне својот вистински идеолошки и политички ментор Груевски, со цел да ја релативизира неговата мрачна појава во македонската политика и да го поистовети Зоран Заев со него. Тој нареди неколку цитати од познати имиња на филозофи во една крајно невешта и неубедлива конструкција, како семинарска работа на потпросечен и недоволно работлив студент. И што? Требаше сите да паднат во несвест од тоа колку тој читал и колку знае? Па очигледно е дека ни оддалеку не читал доволно, а уште помалку разбрал од тоа што го прочитал. Изгледа ни самиот не е свесен за дупките во неговата наобразба и неразбирањето на поимите. Невешти се и обидите да ја „разводни“ својата недокваканост и ниско интелектуално ниво, со уличарски досетки и навреди кои, всушност, се однесуваат на него и неговите ментори и сојузници од дното на мрачните идеологии.
За политичкиот кредибилитет на Левица и Апасиев веќе и не мора да се разговара. Поранешните основачи и вистински идеолошки мотори на партијата, вистински левоориентирани интелектуалци и активисти, доволно кажаа и напишаа, сведочејќи за неговата алчност за пари и ултрадесничарска политичка ориентација. Дури и еден Јанко Бачев, кој можеби е гротескна фигура, но барем е искрен, а веројатно и доволно информиран од полициското подземје, па неодамна, пред камерите, откри многу мрсни детали за него и за партијата: формирана од ВМРО-ДПМНЕ, од 2017 година им легнале речиси триста илјади евра (сега заглавени во банкротираната Еуростандард банка), Апасиев за награда добил стан во Аеродром, вози „алфа ромео“…
Целата колумна на Џабир Дерала за ЦивилМедиа на следниов ЛИНК.