Лепче и путерче

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:

Др’ж се Миле. Иде Дунав. Уште работи му текнуваат на оној твојот од Будимпешта.

-Е па, ете до каде го доведе премиерот Зоран Заев кадровската политика со мотото: „за лепче да има“. Да мора самиот да голта кнедли на прес-конференција и цел час да одговара на новинарски прашања за тоа што дозволил три пати да биде измамен од некои руски мајтапчии што му се претставувале како поранешниот украински претседател Порошенко и генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Великодушно е тоа – за лепче да има, ама тие што ги вработува за лепчето се покажаа неспособни да се справат со специјалната војна против влезот на Македонија во НАТО. Вработувањето во државна служба можеби го добиле како заслуга за минат труд, ама платата мора да се заработи секој месец. Платата не го покрива минатиот труд, лепењето плакати, боењето споменици и фејк барок фасади и шпартањето по улици. Лепчето треба да се заработи. И ако ова било сценарио на безбедносни служби, тогаш со безбедносен проблем требало да се расправаат безбедњаци. А не твитерџии, инстаграмџии и „инфлуенсери“. Башка што, кај некои од нив и не било само за лепче. Па кога ќе згусти, ќе му го забијат во грб ножот со кој на лепчето си мачкале и путерче.

Ама пак сега, Заев самиот си е виновен за изборот на соработниците. Самиот си ги донел во Владата, самиот нека си ги носи на грбот. Проблемот е што сето тоа ние ќе го плаќаме.

-ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да реагира по објавата на разговорите на премиерот со руските мајтапчии и провокатори. Ајдеее… Минатата недела  ќе ја ставаа в затвор Тамара за погрешно отпеана химна.

Значи и кога беа на власт, а особено сега кога се во опозиција вмровците прават бука. Силно врескаат за сѐ и сешто, само за да се заборават нивните злосторства. Во јавните настапи тие не се бават со вредности. Туку со хистерично врескање кое има една единствена цел – неспособноста и комичните гафови на оваа власт да се изедначат со нивните зулуми и гадости.

Не знам што чекаат. Што не му поднесат интерпелација на претседателот Стево Пендаровски оти на Бојко Борисов му рекол „љубави кај си“. Оти ова „љубави“, или „кај си бе, брат“, или „пеер“ е исто што и аболицијата што ја направи Ѓорѓе Иванов на 56 осомничени и обвинети за криминал. Оти, нели – сите се исти.

Колумната во целост прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e