-Споредбата со Франција треба да биде духовита? Пак ќе кажам, за мене е тажно што професорката решила да ја заврши професорската кариера на ваков начин. Едно е да си професор и да држиш предавања со реторички прашања, монотоно и споро говорење, друго е да сакаш да бидеш политичар, па уште Претседател и да трчаш кампања на која треба да ги мотивираш гласачите од секаков ков и провиниенција. Да те успие на митинг. Па уште и со лапсуси? Не се вклопува во вмровското милје на агресивни кампањи, иако Мицкоски вели дека е поголема вмровка од сите вмровци. Се гледа константен замор и деконцентрација. Темпото не е само за неа такво, било и ќе биде за сите што се занимаваат со политика. Како ќе го издржи секојдневното темпо на средби, патувања и говори ако стане Претседател на РСМ? Или планира да продолжи како Иванов во изолација и 5 години самотија? Замислете на меѓународна конференција да ја згреши државата каде што се наоѓа и да рече -,,Леле извинете„….?! Тогаш и вселената ќе ни биде мала, бидејќи таму е Македонија, а не Силјановска.
Фб статус на Емилија Лазаревска