Пораките што ги испраќа на социјалните мрежи професорката на Правен факултет при УКИМ, Тања Каракамишева, се полни со гнев, омраза, хушкање и навреди. Таа својата држава од која зема сѐ уште плата, ја нарекува Северџанија, граѓаните кои не се нели вмровци по нејзините критериуми , северџани. Насилниците од 27 април и нивните налогодавачи патриоти, а сите други предавници. Има ли некој умен да заведе ред на Правен факултет, кој очигледно се претвори во расадник на политички поделби и омрази, и дали може еден професор низ кој поминуваат генерации млади луѓе, да ја користи оваа своја титула и во нејзино име да сее омраза и гнев наоколу? Постои ли воопшто во некоја институција некаков кодекс на професионално однесување?
Фб статус на Емилија Лазаревска