Во првиот круг од претседателските избори Стево Пендаровски освои 322.581 глас, а во вториот 436.212 гласови. Така што, не се сосема точни и реални анализите на некои аналитичари и портали дека победата му ја донеле гласачите на ДУИ и Река.
Разликата речиси од 120.000 гласови јасно укажува на тоа дека е мобилизирано гласачкото тело, генерално, не само една етничка заедница. Значи, добро е да престане таа етничка поделба на гласови, со потенцирање на едните или на другите и скриена порака дека кон некого треба да има посебни концесии како благодарност.
Сите граѓани се еднакви и Претседателот треба да се однесува исто и одговорно и кон оние што не гласале за него.
ФБ статус на Емилија Лазаревска