ВО ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА (2)
– Демократската држава е сложен механизам кој може соодветно да функционира единствено доколку се почитуваат однапред поставените правила на делување.
Во демократската држава, политичарите се лаици кои застапуваат одредена развојна линија која, во идеални услови, би требало да ги претставува искажаните желби на избирачите кои стојат зад нивното постапување, кои би требало да ги претставуваат генералните потреби и интереси на граѓаните и кои во рамките на законодавната и извршната власт ќе ја презентираат структурата на населението.
Заради ова, за политичарите (дури и оние на највисоките функции) воопшто не се бара посебна стручност, образование, искуство или било кој друг вид на квалификации. Секој полнолетен граѓанин на Македонија кому не му е одземена или ограничена деловната способност, може да биде пратеник, министер, премиер, претседател на државата. Нивна задача е што е можно поверно да ги претстават граѓаните во процесите на донесување и спроведување на одлуките во државата.
Вака лаички поставената владејачка структура може да опстојува и да ја предводи државата единствено доколку зад неа стои стручен апарат, администрација составена од професионалци со знаење, искуство, вештини. Администрацијата е таа која ги претвора идеите и политиките во остварливи активности, која ги преработува информациите до ниво разбирливо за политичарите -лаици и ги врамува намерите во закони и норми.
Со изборот за пратеник, министер, премиер, претседател на државата, не се стекнува образование и не се станува професионалец. Изборот за пратеник, министер, премиер, претседател на државата не може да го замени факултетското образование, стручноста изградена во рамките на работењето во конкретна област, ниту пак кариерното стекнување на искуството.
Целата колумна на Мирјана Најчевска на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.