Круме, Блаже и Александар

По прашањето за името, ВМРО-ДПМНЕ ем сака да влезе во студена вода, ем ако може да не си ги натопи нозете ни до глуждови. Не оди тоа така. Партијата мора да биде искрена во настапот. Во првата реченица од партиското соопштение се вели дека ВМРО-ДПМНЕ „ја поздравува средбата меѓу Заев и Ципрас и смета дека тие директни контакти може да придонесат за продлабочување на односите и за градење на позитивна клима меѓу двете земји“, веднаш потоа за да изрази загриженост од најавите за преименувањата на автопатот и аеродромот, бидејќи не гледа иредентизам во нивните имиња.

Да, ниедно име само по себе не изразува иредентизам. Но, контекстот и времето во кое ќе ги крстиш нешата некако, кај другиот можат да предизвикаат незадоволство и чувство на недоверба. ВМРО-ДПМНЕ не смее да се однесува како да ја преспало последнава деценија и како да не знае што сѐ никна во „Скопје 2014“ и колку од тие украси на градот ја спуштија рампата во односите на релација Атина-Скопје. Па, покрај основите на спорот, сега сме соочени и со дополнителни фактури за ДДВ и камати од „античките инвестиции“ на владите на ВМРО-ДПМНЕ во овој проблем. Тоа што Груевски повеќе не е лидер, не ја амнестира партијата од одговорност. И, наместо да се однесува како да не е од овде, партијата треба максимално да помогне Македонија да плати што помала политичка цена на крајот од процесот.

За жал, кај нас многумина стравуваат дека проблемот со Грција ќе се реши, несвесни дека повеќе треба да стравуваат ако не се реши. Ако не постигнеме договор годинава, следната таква можност нема брзо да дојде

А проблемот нема да се реши ако плачеме по името на воинот, фалангата, Букефал и куп антички лепешки што ги истресоа низ градот. Која е логиката заради личности од пред толку векови да ја коцкаме иднината, ако нивното оспоменичување го лути соседот, ако тоа ни ја блокира интеграцијата, и ако ЕУ и НАТО јасно ни порачуваат дека нема членство со увезени спорови. Кратко и јасно: решете го спорот, па повелете.Не знам зошто е толку тешко да го разбереме тоа. Да, точно е дека проблемот е ирационален. Точно е и дека ние не сме иредентисти. Суштината на спорот е во грчкото тврдење дека Република Македонија спроведува иредентистичка политика кон Грција, со цел македонскиот народ да си ги поврати деловите од татковината кои ги изгубил со поделбата од Букурешт во 1913 година. Според Грција, изборот на името „Македонија“ е само една од формите на отелотворување на таквата политика. И бараат гаранции дека нема да се случи тоа.

Од друга страна, немаат ништо против големата бројка „иредентисти“ Македонци кои секое лето го „освојуваат“ морскиот брег и го полнат грчкиот буџет. Ниту против бројката на „иредентисти“ Македонци кои поседуваат станови и викенд – куќи во Грција, плаќаат данок и повторно го полнат грчкиот буџет. Ниту против бројката на грчки граѓани кои во „иредентистичка“ Македонија имаат мали, средни и големи бизниси.

Целата колумна на Катерина Блажевска за Призма, прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e