Костадинов: Надлежните институции да реагираат веднаш и вандалите од ВМРО ДПМНЕ да бидат соодветно казнети

Ова е невиден срам и брука од страна на ВМРО ДПМНЕ.
Да се прави штета на имотот на граѓаните заради некакви поени политички кои постојат само во нивната глава е безобразно.

Сепак, стојам на располагање на сите граѓани на општина Струмица кои се оштетени, да ме контактираат доколку имаат било какви потреби.

Апелирам, надлежните институции да реагираат веднаш и вандалите од ВМРО ДПМНЕ да бидат соодветно казнети.

Ова е една од многуте причини заради кои убедливо ќе губите на сите избори.
Бандитизмот од белата палата на ВМРО ДПМНЕ, очигледно многу длабоко навлегол и во структурите на комитетот на ВМРО ДПМНЕ во Струмица.

ФБ статус на Костадин Костадинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e