Костадинов го споделува своето волонтерство искуство на терен

Во текот на вчерашниот ден како волонтер бев во обиколка на градот со цел да видам дали приватните превозници на комбињата кои гравитираат од околните општини и населени места во градот, носат заштитни маски и ракавици согласно препораките и мерките.

Забележав дека не се почитуваат во целост.
Денеска група волонтери ќе одат и ќе им однесат се што е неопходно.
Ве замолувам почитувајте ги мерките за вас се работи, за вашето здравје, здравјето на вашите најблиски.

Јас и останатата група волонтери покрај тоа што ќе помагаме на тие кои што им е најпотребно, ќе правиме и контрола на почитувањето на препораките.

Бидете патриоти, сакајте се себе и нашиот народ и држава.
Седете дома и излегувајте кога тоа е неопходно.

Ако имате потреба да излезете ставајте заштитни маски и ракавици многу е едноставно.

пс. За секое делување на волонтерите ќе бидете јавно известувани се со цел да ја максимализираме свеста во оваа криза.
ФБ статус на Костадин Костадинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e