Се враќам од работа дома, градот пожив никогаш не бил 🙁 Пукна малку сонце, сите надвор, друштво млади, родители со деца, деца сами во чопори по игралишта. Мислев ќе замре се по најновите мерки, луѓе нема да има по улиците. А тоа обратно… градот живна. Од каде ви е вољата за живот да ве прашам во време кога цел свет се тресе и стравува? Да искористите 14 дена гратис од работа оптимално за да се рашетате низ градов? Да искористите 14 дена школски или студентски распуст за да се журкате низ градов? Каде ви е свеста, совеста, природната човечка загриженост за себе, за другиот? Очигледно сакате полициски час, војска и полиција да ве одвраќа од излегување од дома, со сила да ве враќаат назад кога ќе наумите да излезете, со оружје. Само така изгледа овој народ може да се сопре. Тоа ли сакате? Карантин? Град на духови? И тоа ќе го добиеме ако продолжите вака! 🙁
Покажете малку ум, разум и свест мајку му, работата е сериозна. Ако мислиш дека си здрав, прав и млад и вирусот ништо не ти може, се лажеш, а можеш и да го пренесеш на некој кој може да умре од него! Тоа може да биде твоја сестра, мајка, дедо, пријателка, колега, непознат човек… Каква е таа неодговорност? Приберете се по дома луѓе, за полесно да поминеме низ кризава, за да не ескалира ситуацијата, аман за аман више!
ФБ статус на Калина Коси