Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:
-Седи Груевски во Будимпешта и по цел ден врти телефони во Скопје. На некои им дава инструкции, на други им се правда и извинува, на трети уште им ветува. По некој од тие разговори мора да е и непријатен, оти многумина зацрни и од оние кои мислеа дека луѓе ги направи.
Ќе биде така уште неколку месеци, а потоа од овде сè поретко и ќе му креваат телефон. Што ново ќе им каже, за што да ги лаже? Полека и темите и соговорниците ќе се проретчат, сеќавањата ќе бледнеат, митот ќе се распадне… Ќе му остане семејството, ама и ним ни на родендени ни на свадби ни на слави ни на погреби не може да им дојде. Далеку од очи, далеку од срце, скајп е само утеха за имитација на живот.
По извесно време, ќе мора да си го реши постојаниот смештај таму. Орбан сега и го вдомува и го обезбедува, но ни тој нема да биде вечно на власт во Унгарија, а и нему, во најдобар случај, наскоро ќе му стане здодевен. Не е унгарската политика мед и млеко, и таму тркалото се врти, тоа барем Груевски најдобро го знае. Колку повисоко леташ, толку падот е поболен. Кога ќе му дојде време, Орбан има со голем тресок да се акне од тлото, не сум сигурен дали тој ќе има некој Орбан да го прибере некаде.
Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.