Директорот на царина и член на СДСМ, Стефан Богоев, на ФБ го впери прстот во ВМРО-ДПМНЕ за отворањето на рудникот во Иловица.
„Концесијата на рудникот во Иловица е доделена од влада предводена од ДПМНЕ и Груевски на кој токму во тој период советник му беше Христијан Мицкоски! Општините Ново Село и Босилово (со градоначалници од ДПМНЕ) имаат гласано ЗА отворање на рудникот.
И денес вие ќе морализирате, ќе лажете и ќе се “борите” против рудникот кој вие го дозволивте?“, вели Богоев.