Пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, му порача на екс премиерот, Никола Груевски, дека е очекуван да се врати во земјава и лично да си ја депонира оставката од пратеничката функција, која ја најави преку својот фејсбук профил.
„Читам Груевски ќе си поднел оставка. Членот 65 од Уставот на РСМ е многу јасен: Пратеникот може да поднесе оставка. Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието. НИКОЛА ТЕ ЧЕКАМЕ ВО РСМ!“, напиша Мисовски на својот фејсбук профил.
Груевски напиша дека ќе поднесе оставка откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат за одземање на неговиот мандат.