„Колку пари ‘тежат’ Мицко и неговите министри“?

Неделникот ФОКУС направи истражување на тема „Колку пари ‘тежат’ Мицко и неговите министри“?
ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, премиер: Куќа во Влае од 440.000 евра. Толку. Скромно и сиромашно во однос на неговите подредени.
САЊА БОЖИНОСКА, министерка за енергетика: 2 стана во Центар, 2 во Шпанија, 1 во Португалија, 1 во Србија – или вкупно 6 луксузни станови. Машала!
ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ, министер за внатрешни работи: Стан во Центар од 146 м2, уште еден стан во Злокуќани од 115 м2 на име на сопругата, градежно земјиште од 5.000 м2. Обвинувањата дека заедно со генералниот секретар на владата Игор Јанушев прикриле имот во зграда во центарот на Скопје вреден 400.000 евра, (засега) останаа недокажани.
ГОРДАНА ДИМИТРИОСКА, министерка за финансии: Стан во Центар, уште еден стан во Центар на име на сопругот, градежно земјиште од 213 м2. Како за „чувар на државната каса“, жива сиромаштија!
ВЕСНА ЈАНЕВСКА, министерка за образование: 2 стана во Центар, куќа на име на сопругот во с.Слоештица, плус градежно и земјоделско земјиште, пасишта, шуми… Колку без ич!
ЗОРАН ЉУТКОВ, министер за култура: Стан во Карпош, стан во Банско, Бугарија, уште еден стан во Карпош и куќа во Габрово сопственост на сопругата. И после глумците слабо заработувале!?
ЦВЕТАН ТРИПУНОВСКИ, министер за земјоделство: Стан во Кисела Вода, стан во Старо Скопје од сопругата, куќа во Петровец сопственост на родителите. Тежок е лебот земјоделски!
АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ ЛИГЊА: Градежно изградено земјиште во Охрид на име на сопругата. На негово име – никаде ништо! Кај живеат луѓево? Бездомници се? А онаа дивоизградена хациенда на брегот на Охридско Езеро, чија е? За греота чоеко! За да не го најдиме зимава замрзнат на некоја клупа, предлагам итно организирање голем хуманитарен концерт и отворање телефонски броеви за собирање хуманитарна помош за ова вредно, интелигентно и чесно чоече!
• Објавените податоци се земени од анкетните листови на функционерите објавени на страницата на Антикорупциска комисија. Колку се тие објективни и што се’ владините функционери скриле и не пријавиле до Антикорупциска, државните институции кои располагаат со официјални информации за имотната состојба на граѓаните, ако сакаат (а не сакаат!) можат многу лесно да откријат.
ПС: МОРЕ ЛАЖЕЊЕ „ПАТРИОТИШТАВА“!

ФБ став на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e