Колку ќе трае владата

Собранието и владата ќе траат онолку колку што ќе знаат успешно и одговорно да ги водат партнерите на власт и онолку колку опозицијата ќе биде конструктивна притискајќи побрзо да се остваруваат државните интереси.

Кога од власта упорно повторуваат дека владата, уште не формирана, ќе трае четири години, а од опозицијата дека е на стаклени нозе и само што не паднала, тоа е сигурен показател дека и двете страни имаат сериозни проблеми. Тоа всушност се пораки до јавноста и до нивното членство, а најмногу до пратениците да бидат, лојални, мобилни и на штрек. Тоа е почеток на кампањата за локалните избори што ќе се одржат идната година.

Едните секој ден по неколку пати повторуваат дека ќе истераат цел четиригодишен мандат, а другите дека најдоцна за една година ќе дојдат на власт. Тоа се опомени победниците цврсто да ја подржуваат владата, а поразените да не се осипуваат и да се подготват да ја преземат власта во блиска иднина бидејќи „непринципиелната коалиција“ само што не се растурила како „бугарско собрание“. Тоа е лош амбиент за предизвиците пред кои се наоѓа Македонија.

Тесно мнозинство се одржува со чесна и успешна работа

Адутите за ваквата мобилизација, гарнирана со тоа кој што зборувал во предизборната кампања, што кажале Зоран Заев и Али Ахмети еден за друг, или што зборувале Христијан Мицкоски, Зијадин Села, Африм Гаши…. се многу тенки и немаат поголемо значење освен во првите неколку дена како оправдување на поразот, или како неминовност победниците кои имаат мнозинство да ја преземат одговорноста за управување со државата.

Постизборната реалност и за власта и за опозицијата кога се во прашање коалиции и политички партнерства со тесно мнозинство од два гласа наложува една сосема поинаква политичка култура, чесна и макотрпна работа во служба на граѓаните и на државните интереси кои јавноста ќе ги препознае ако тоа навистина се случува во наредниот период. Станува збор за неколку клучни приоритети и стратегиски определби добро познати и чии попречувања и блокирања оставија тешки последици и се дополнителен тежок удар врз квалитетот на животот на граѓаните.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e