ГАЛИБА НЕШТО СЕ СЛУЧУВА СО ОВОЈ МИЦКОВСКИ.
Стана пракса човеков на партиски позиции и други функции да предлага само осомничени и обвинети персони. По се изгледа оние кои не се обвинети или осомничени (според негов критериум) не им е место на вакви позиции.
Генералниот секретар на партијата е со сериозно обвинение. Претседател на партиската комисија за локална самоуправа е со дузина обвиненија. Еден од прговарачите за иднината на СЈО исто така е обвинет. Во ИК на партијата еден или двајца се без обвинение.
Сега на смеа и шала (а можеби и саракстично) за обвинител предлага човек за кој е поведена постапка за разрешување, а мислам дека човекот имаше и некоја пресуда за мобинг.
Во ситуација кога има празен гол, тој си дава автогол.
Не е лошо некој да го праша која му е целта?.
Ова некако ги премина сите граници на нормално и достоинствено лидерствување со некогаш сериозна партија.
Фб статус на Јове Кекеновски