ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, наметнуваат изнасилена еуфорија по првиот круг од претседателските избори, смета професорот Јове Кекеновски. Тој му порача на Мицкоски да се повлече од партијата како резулатат на изборниот пораз во првиот круг.
-Мицковски и компанија Ве гледам глумите лудило и изнасилено наметнувате победничка еуфорија. Свесни сте дека немате освоено поголем број гласови од политичкиот противник, а се прогласувате за победници. Заев сигурно дека е губитник, ама Вие не сте победници. Победници се граѓаните кои не ви веруваат ниту на едните, ниту на другите. А Вие бесрамно на штета на партијата продолжувате и понатаму да одработувате за политичкиот противник и за еврокомесарите во заминување, напиша Кекеновски на Фејсбук.
Според него, на партиското раководство поважно му било спас на Вашите политички кариери и партиски функции, отколку граѓаните на Република Македонија или пак Гога – Јога за претседател.
-Немојте и понатаму да ја ставате партијата и граѓаните во заложништво само заради вашите лични интереси. Собирајте парталите и за доброто на Македонија заминувајте од партијата. Таа и припаѓа на поспособните, почесните, искрените патриоти и оние кои не калкулираат на дневна основа и не мамат перманентно, пишува Кекеновски
Тој додава и дека со изнасилено глумење еуфорија и учество во вториот круг свесно ја зацврстуваат позиција на Заев и Пендаровски.