Калина Коси за Сејф Сити: Не можеш да ме казнуваш мене, а да не го казнуваш министерот, директорот или братучед му!

Апсолутна поддршка и недвосмислено ДА за ред во сообраќајот со помош на Сејф сити! Арно ама, за да воведуваш ред во сообраќајот, прво треба да обезбедиш нормални и еднакви услови и нормален сообраќај! Имено:
– Не можеш да ме казнуваш мене, а да не го казнуваш министерот, директорот или братучед му!
– Не може да има функционални камери во Центар, а да не работат во Чаир!
– Не можеш да казнуваш во Скопје, а не во Тетово или Куманово!
– Не можеш да ме казнуваш за непропуштен пешак, кога не го гледам ниту пешачкиот кој не е означен ко што треба, ниту пешакот кој се крие позади дрва што сте ги насадиле на сред пешачки!
– Не можеш да ме казнуваш за непрописна брзина кога на некои места не се гледа ни семафорот!
– Не можеш да бараш ред у сообраќај кога тек у 21 век ќе воведуваш зелен бран за кој се фалиш ко да ќе лансираш ракета у вселена!
– Не можеш да казнуваш за неправилно престројување додека не ги отстраниш колите паркирани на булевар дур си пијат кафе или си бркаат друга работа у близина!
– Не можеш да казнуваш ако камерите редовно не ги контролираш и одржуваш!
– Не можеш да казнуваш без толеранција од најмалку 5!
– Не можеш да ме казнуваш мене зошто возам 51, а да не го казнуваш оној што од страв се влече ко желка, вози 30 на саат и го кочи цел сообраќај!
– Не можеш да казнуваш дур не решиш што ќе биде со коли од рента кар и лизинг!
– Не можеш да го казнуваш сопственикот на возило кога друг возел со маткање по полициски станици, докажување по судови и потпишување изјави (активирај казна по лик ко у секоја нормална држава)!
– Не можеш да казнуваш за непрописно паркирање, кога не си обезбедил паркинзи!
– Не можеш да казнуваш дур не решиш што ќе биде кога ќе има заглавени крстосници или расипани семафори, а народ мора некако да помине!
– Не можеш да казнуваш без сообраќајни знаци!
– Не можеш да казнуваш се дур не ги разбудиш оние што спијат од Центарот за регулирање гужви у сообраќај у Скопје (ако уопште работи)!
– Не можеш да ме казнуваш за брзо возење кога колата ми била паркирана пред зграда и не сум ја возел или сум моментално у Германија!
– Не можеш да пушташ казни по грешка на туѓи броеви само затоа што ти се грешно пишани у евиденција!
– Не можеш да казнуваш само преку камери, а сообраќајните полицајци како и до сега нигде да ги нема!
– Не можеш да казнуваш за возење без регистрација и без дозвола, ако цените си ги кренал до небо, да не може нормален човек да си приушти да полага и регистрира возило!
– Не можеш да ме казнуваш кога зимоска на снегови и голомразици не можам да контролирам брзина заради неисчистени улици и булевари!
– Не можеш да казнуваш возач само затоа што нема електронска пошта или паметен телефон кој нема пари да си го купи (казни треба да стигаат на домашна адреса – сите ја имаме)!
– Не можеш да ме казнуваш со казна која што е несразмерно висока и поголема или еднаква на мојата минимална плата!
– Не можеш да ми одземеш возило кое ми е во приватна сопственост, под ниту еден услов!
– И на крајот, не можеш само да казнуваш и да казнуваш и да казнуваш, а не и да опоменуваш т.е. опаметуваш! Овие системи треба да имаат превентивна и освестувачка функција, а не само пљачкашка и репресивна!
Е, кога се ова горе ќе го средиш, тогаш можеш да воведеш Сејф сити. Што значи, на Свети Никад!

ФБ став на Калина Коси

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e